Јаглендвооксид е гас без боја и мирис, не пренесува електрична енергија. Припаѓа во групата на чисти средства за гасење на пожари, затоа што нема оштетување по гасењето. Успешно гаси пожари од класа Б, Ц и Е. Сиситемот за гасење со Јаглендвооксид се применува за запреминско волуменско тридимензијално гаснење. Процесот на согорување се спречува со намалување на кислород во воздухот. Системите со CO2 гас се применуваат за заштита на цели простории или само предмети во простории.
Со овој систем се штитат:
-Хемиски погони
-Фабрики за прехрамбени производи
-Лакирници
-Складишта со запаливи материјали
-Текстилни погони
-Фабрики за гумени производи
-Електроенергетски погони
-Бродови
FM-200 / HFC 227ea / припаѓа во групата на чисти средства за гасење пожари и според NFPA 2001 замена е за Халон 1301.
Тоа е гас без боја и без мирис кој не спроведува електрична енергија, нетоксичен и не е штетен за материјалите. Не го оштетува озонскиот прстен и одобрен е за користење од страна на овластени меѓународни институции.
UL (Underwriters labaratories)
EPA (Enviromental protection Agency USD)
Системот за гасење со ова средство се користи таму каде што треба да се избегне оштетувања на скапи и вредни материјали и опрема.
Системите за гасење со FM-200 се применуваат за заштита за:
Компјутерски центри, контролни соби, Телефонски централи, банки, beck-up простории, галерии, музеи, архиви, складишта со запаливи материјали, машински оделенија, трансформатори, бродски постројки и др.